Данска 33-30 Македонија

Во ефикасно, отворено прво полувреме, Македонија прикажа одлична игра, нашите успеаа за нијанса да се истакнат и на полувреме да имаме предност од 13-14.

Исто така и второто полувреме започна идеално за нашата репрезентација. Имавме иницијатива, водевме подолго време со два-три голови разлика. Но, ако крајот го краси делото, тогаш Данска заслужено победи на овој натпревар. Македонската репрезентација изгуби чекор токму при крајот на натпреварот, кога беше најпотребно да го чуваме резултатот. Нашите не ги реализираа своите акции, додека пак противникот скоро и да не грешеше. Данска со победата од 33-30 против Македонија, остана на првата позиција во групата Б.

Македонија против Данска го одигра својот петти натпревар на 23-то светско првенство во Шпанија. Со тоа заврши фазата по групи, односно се преминува кон елиминациона рунда. Во следната фаза Македонија ќе игра против Германија на 20-ти јануари (недела).

WebOhrid