Познатиот италијански сликар и хуманист Винченцо Бјанки, на денешната средба со градоначалникот Александар Петрески и неговите соработници, најави дека ќе иницира нов културен проект, со кој Охрид ќе се вреди меѓу европските културни метрополи на современата уметност.
„Во Охрид се чувствувам како дома и со гордост ја носам титулата почесен граѓанин на овој свет град. Заедно со градоначалникот Александар Петрески успешно ја продолжуваме започнатата соработка и се надевам дека успешно ќе завршиме уште еден голем проект од областа на уменоста“. – рече на средбата Винченцо Бјанки.
Градоначалникот Александар Петрески се заблагодари за досегашната соработка со овој светски познат сликар и хуманист, додавајќи дека како прв човек на Охрид, заедно со Локалната самоуправа ќе се ангажира за создавање услови за брза реализација на проектите и идеите на Винченцо Бјанки.