Туристичко-угостителска комора на Македонија во соработка со Европската банка за обнова и развој ќе учествува во организирање на дводневен семинар „Подобрување на гостопримството и квалитетот на услугата-хотелски персонал“, кој ќе се одржи во период од 24 јануари до 25 јануари 2013 година во Хотел Белведере, Охрид.
Целта на организирање на ваков семинар е да се унапредат стандардите за гостопримство и квалитет на услугата во хотелите од Охридскиот регион и да се пренесе знаење за стандардите за гостопримство и најдобрите меѓународни практики, како и да се развијат вештини кај учесниците потребни да се даде услуга со висок квалитет.
Учесници на семинарот ќе бидат менаџери, рецепционери и вработени во ресторани на хотелите на Охридското езеро.
Обучувачот на семинарот е искусен меѓународен експерт од Германија од областа на хотелиерството.