Ужива во видео игри и на 85 години

Хилда Кнот од Велика Британија која има 85 години, покажа дека видео игрите не се само за млади, туку дека и таа ужива во играњето.

Хилда има „гејмерска“ кариера од дури 40 години, најмогу сака да игра ГТА 4. Она што е уште поинтересно е тоа што таа има 90 годишен другар кој игра заедно со неа.

Таа тврди дека игрите и помагаат да остане ментално активна. Покрај тоа, таа ја сака и возбудата која ја носат видео игрите.

„Уживам кога ќе поминам некое ниво и кога ќе откривам нови работи, а посебно ме радува кога ќе ја завршам целата игра“– изјави Хилда.