Света архиерејска литургија за Томина недела и Св.апостол и евангелист Марко

Денес, во Неделата на антипасха – Томина недела, како и на празникот на Св. апостол и евангелист Марко, во храмот „Св. Никола Чудотворец“ во Долна Маала, Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Никола Христоски, свештениците Сашо Ристески и Владо Недески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски.

По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа.