Финансиската криза не ги погоди само граѓаните на Италија, туку и зоолошката градина во Неапол, од каде управата соопштува дека животните ќе може да ги хранат само уште два дена.
„Резервите на храна ќе се испразнат најкасно за 48 часа“, објаснија работниците во зоолошката градина „Еденландија“ во која живеат 300 животни меѓу кои има леопарди, мечки, жирафи, слонови, зебри, тигри и антилопи.
Според локалните медиуми, зоолошката уште во 2011 прогласила банкрот, но сеуште ништо не е направено за спас на паркот и животните.
Доколку за брзо време не се добие нов сопственик, зоолошката ќе мора да отпушти од работа и 70 работници.
„Еденландија“ е отворена во 1949 година, а во седумдесеттите години беше сметана за најдобра зоолошка во Италија.