Голема победа за Куманово на гости во Тиват

Импресивниот шут за три поени (15/20) и одличната игра во одбраната во второто полувреме, донесе убедлив триуфм за Куманово против Теодо на гостински терен за старт на Топ Шест фазата. Конечните 95-79 значат сериозно приближување на македонскиот претставник до Фајнл Фор турнирот.

Уште од почетокот на натпреварот во Тиват кошаркарите на Куманово навестија своја вечер. Преку Димчевски, Костоски, Микиќ и Јаневски погодија пет тројки уште во првата четвртина и дојдоа во водство кое го одржуваа до крајот на натпреварот. Се играше брза кошарка, таква каква што одговара и на тимот на Теодо, но избраниците на Љубислав Луковиќ покажаа дека можат да се справат со противникот во секој сегмент од играта и апсолутно заслужено стигнаа до победата.

На полувремето се замина со два поени предност за Куманово (44-42), за во второто полувреме, додека кумановци го задржаа високото темпо во нападот, Теодо падна со реализацијата па разликата постојано се зголемуваше. Знаеја како македонските кошаркари да ја зачуваат двоцифрената предност и во последниот период, забележувајќи победа од 95-77 во Тиват, прва за старт на Топ шест фазата и прва на гостински терен во дебитантската сезона во БИБЛ.

Александар Костоски и Ивица Димчевски беа предводници на победата со искомбинирани 44 поени, 8 асистенции, 9 скокови и 4 украдени топки, а одличен меч одиграа и сите останати кошаркари, меѓу кои двоцифрени беа Јанески и Микиќ со 15, односно 13 поени. Во тимот на Теодо, Синиша Тепавчевиќ беше најефикасен со 30 постигнати поени.

Со оваа победа Куманово избива на делба на врвот на табелата кој го дели со Левски, кој пак денеска славеше над Рилски со убедливи 84-62. Во наредното коло, тимот на Љубислав Луковиќ гостува во Самоков на Рилски, а натпреварот е закажан за 12 февруари. Иако рано во оваа Топ шест фаза, Куманово со оваа прва гостинска победа сериозно се приближи до пласман на Фајнл Фор турнирот.

извор: МКФ