Вчерашната презентација на Охрид во Прага е модел за успешна промоција на туристичките можности на градов во странство од една, но и модел за добра соработка меѓу македонска амбасада и општина од друга страна.
Градоначалникот Никола Бакрачески на своите работни средби со македонските амбасадори во странство, непосредно по нивното именување , главен акцент ставаше на можноста за заедничка туристичка промоција и привлекување странски инвестиции во Охрид. Плод на тие разговори беше вчерашната успешна презентација на Охрид пред сите позначајни туроператори од Чешката Република, како и пред тамошните медиуми и новинари од најзначајните специјализирани списанија и магазини за туризам.
Општина Охрид изразува огромна благодарност до Амбасадорот на Македонија во Чешка, Паскал Стојчески за сите заложби околу успешната презентација на туристичките потенцијали на Охрид во Чешка.
Ваквите соработки меѓу општината и македонските амбасади во странство се очекува да станат пракса затоа што истите се битни за промоција на Охрид и привлекување странски туристи и инвеститори.