На Табановце приведени уште две лица кои ја ограбија златарницата „Прима Голд“

Во обид да ја напуштат Република Македонија, на 21-ви овој месец на граничниот премин Табановце  приведени се  две лица романски државјани, кои заедно со уште пет други, извршија тешка кражба во златарницата „Прима Голд“ во Охрид. Романските државјани В.Р. и Д.Л. украдениот златен накит го сокриле под рачниот менувач во кабината на патничко моторно возили марка „Форд“ со англиски регистарски таблици со кое патувале. Тука, спакувани во неколку мали најлонски кеси, сокриле над 30 разни примероци на златен накит.

tabanovce1 tabanovce3

СВР Охрид против осум члената група романски државјани, поднесе кривична пријава поради постоење на основи на сомнение дека сториле кривично дело „Тешка кражба“.

Лицата А.Л.(23), А.Р.(32) и М.Ф.Р(16) се приведени непосредно по тешката кражба извршена во златарницата „Прима Голд“на 20-ти Јануари оваа година, а дополнително, по нивното пронаоѓање, кривичната пријава е проширена против лицата: В.Р.(35), М.Р.(17), Р.Р.(16) и Д.Л.(24) . Од страна на истражен судија на романски државјани, одредена им е мерка притвор во траење до 30 дена. Во бегство е уште еден романски државјанин за чие пронаоѓање и приведување, СВР Охрид презема дополнителни мерки.

Инаку, тешката кражба е извршена на 20-ти овој месец околу 15 часот, кога во златарницата „Прима Голд“, заедно влегле сега притворените. Додека дел од нив со разни прашања за квалитетот на накитот и цените, се обидувала да и го одвлече вниманието на вработената, останатите успеале од стаклениот пулт со изложен накит да одземат прстени, наруквици и друг златен и сребрен накит.

Романската група, истиот ден со патничко моторно возило пристигнала во Охрид. Веднаш потоа, тие разгледале неколку златарници во чаршијата по што, во „Прима Голд“ ја извршиле тешката кражба.