Три нови авиокомпании доставија барање до Агенцијата за цивилно воздухопловство, за вклучување во редовниот и чартер авиосообраќај во зимската и летната сезона.
Имено, шведската авио компанија AIR SWEDEN AB, од 28 февруари до 30 март, ќе се вклучи во редовниот авиосообраќај од и до македонскиот аеродром Александар Велики. По издавањето на дозволата од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство, компанијата, ќе дестинира на релација УМЕА (Шведска) – Копенхаген (Данска) – Скопје и обратно, два пати неделно, во понеделник и петок.
Компанијата најави вклучување и во летната сезона од редовниот авиосообраќај кон земјава, на истите дестинации и во истите деновиви, до 18 мај годинава.
И Босанската национална авио компанија БХ Ерлајнс, достави барање до Агенцијата за цивилно воздухопловско за вклучување во редовиот авио сообраќај кон земјава од 1 април годинава.
Имено, со летниот ред на летање, компанијата четири пати неделно (во понеделник, среда, петок и недела) ќе оперира на релација Сарајево – Скопје и обратно.
Во чартер графата на зимскиот ред на летање, (од 27 јануари до 31 март), по одобрување на барањето, се вклучува и шпанската компанија Алба Стар Ерлајнс со операции на релација Рим – Скопје – Скопје – Рим.
Од 3 февруари пак до 31 март, во недела, компанијата ќе го прошири спектарот на дестинации и ќе оперира од Рим до Скопје, од Скопје до Базел, од Базел до Скопје и од Скопје ќе слета во Рим.