На 25.01.2013 година во времето од 10:00 до 12:00 часот, по предходно добиена наредба од Истражен судија при ОС-Охрид, бил извршен претрес во дом и други простории, односно во Ловечки дом сопственост на ловечко друштво „Вила Тина 36“ лоцирано во атар на с.Куратица, на местото викано „Тина“ и возило Џип Чироки, а поради предходно добиено сознание дека во објектот престојува Р.З.(1984) од Охрид.
При претресот во објектот се пронајдени: најлонска паковка со непозната зелена растителна материја, моторна пила непозната марка, две паковки со ризли и рачен часовник. При извршениот претрес во возилото биле пронајдени: пиштол м.ВЗОР 50 кал.7,65 со празна рамка, моторна пила м.СТИИЛ 64. Горенаведените предмети со потврда за привремено одземени предмети се одземени за понатамошна постапка.