Честитка од Петрески и Јаковчески до граѓаните од српска националност

„Дозволете во име на Општина Охрид на сите припадници од српска националност да им упатиме честитки по повод одбележувањето на 27-ми јануари, денот на граѓаните од српска националност, со желби за многу здравје, среќа и успех. Живеејќи во свет кој упатува на почитување на културните и јазичните  вредности на етничките заедници сакаме да го искажеме нашето задоволство што Вие како етничка заедница сте дел од ова мултикултурно и мултиетничко општество. Вашиот празник поминете го во мир и благосостојба, во знакот на меѓуетничко почитување и огромен понатамошен успех во интегрирањето на Србите во Република Македонија“. – стои во честитката од градоначалникот Александар Петрески и претседателот на Советот на Општина Охрид, Душко Јаковчески, упатена до српската етничка заедница во Охрид.