Србија не може во ЕУ пред 2023

Американскиот експерт за Балканот, Даниел Сервер, изјави дека Србија нема да добие карта за ЕУ дури ни за една деценија. Тој оценува дека за добивање на датум за почеток за преговори со ЕУ ќе биде доволно само нормализирање на односите со Приштина, но Србија ќе мора да направи и повеќе од тоа, да воспостави дипломатски односи со Косово и да размени амбасадори.

Сервер истакна дека членките на Унијата кои ја признале независноста на Косово, ќе инсистираат на дипломатски односи помеѓу Приштина и Белград, дури и ако Европската унија како целина не го бара тоа.

„Ќе има многу услови во наредните месеци и години. Косово може да претставува проблем за отпочнување на преговори, освен ако не се постигне некој прифатлив договор. Ќе мора да се исполнат многу критериуми за членство, законите да се усогласат со европските. За влез во ЕУ на Србија ќе и треба најмалку една деценија“. – рече Сервер.