Триумфи на Новески, Пачовски и Трајковски

Во германската Бундеслига, Гројтер Фурт на домашен терен изгуби со 0:3 од Мајнц. За екипата на Мајнц одлична игра во одбраната прикажа Николче Новески кој го одигра целиот натпревар.

Во белгиската Про лига, Томе Пачовски бранеше на целиот натпревар кој Мехелен на домашен терен го доби со 2:1 против Генк. Во другиот натпревар во Белгија, Зулте Варегем го победи Лирс со 2:0. Нашиот репрезентативец Александар Трајковски беше на клупата за резерви, а влезе во игра во 86 минута, кога неговата екипа веќе водеше со 2:0.

WebOhrid