Тешка кражба во црквата Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста

Во периодот од 24-ти до 27-ми овој месец, во црквата Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста, извршена е тешка кражба и одземени се вкупно 6 вредни икони и 4000 денари.

Засега непознат сторител насилно влегол во црквата од страничната споредна врата, извршил пребарување во внатрешноста на црквата, по што ги одзел иконите и парите.

На лице место извршен е увид од полициски екипи. Полициската станица од Кичево работи на расветлување на случајот.