Притворени двајца сторители на тешка кражба

Поради постоење на основи на сомнение дека сториле вкупно 19 кривични дела тешка кражба СВР Охрид, поднесе кривична пријава против  З.Р. (29)  и А.Ј. (49) двајцата од охридското селото Куратица. Истражен Судија при Основниот суд Охрид им одреди мерка притвор во траење до 30 дена.       

Пријавените, во текот на Декември минатата и Јануари оваа година, со употреба на подесен алат и со физичка сила ги извршиле казнените дела на подрачјето на Охрид и Дебрца стекнувајќи се со против-правна имотна корист од 180.000,оо денари..

Сега притворените, со употреба на штрафцигери и друг подесен ги разбивале сигурносните брави од влезните врати и прозори, а потоа со употреба на физичка сила насилно влегувал во куќите, становите и деловните објекти  во Охрид, Подмоље, Требеништа, Мешеишта, Сошани, Лескоец и Рамне, одземајќи пари, сребрен накит, мобилни телефони, ЛЦД телевизори, лап топ компјутери, цигари, вино, ореви, прашак за перење, сувомеснати производи, моторни пили, електрични циркулари, хилти, бушилици и други алати, ловна пушка, облека и други предмети. Една од кражбите, пријавените ја извршиле откако го забележале клучот од влезната врата оставен под килимчето од семејната куќа. 

По серијата кражби, што З.Р. и А.Ј. ги извршија изминатиов период, СВР Охрид,  реализира повеќе оперативни активности и претрес кај пријавените, кои, резултираа со пронаоѓање на дел од алатот погоден за извршување кражби како и дел од бесправно одземените предмети. 

Инаку, пријавените се познати извршители на казнени дела и нарко- наркозависници, против кои и досега биле поднесувани повеќе кривични и прекршочни пријави за што А.Ј. бил и затворски осудуван. 

 kuratica1