Египќаните со своја независна листа и независен кандидат за градоначалник?

Охридските Египќани, после неуспешните обиди да се најдат на листите за советници на некои од поголемите политички субјекти, одлучија да излезат на Локалните Избори со своја Независна листа на советници, која најверојатно ќе ја предводи Претседателот на „Форца Египќани“ г-дин Петрит Хусеин, додека за Независен кандидат за Градоначалник, најверојатно ќе излезат со долгогодишниот лидер на Египќаните, Демир Далип, велат од организациите на Египќаните.

Египќаните, сметаат дека треба сами да се изборат, за нивно интегрирање во системот, да имаат свој преставник во Советот, додека пак со номинирањето на независен кандидат за Градоначалник, тоа го сметаат за голем демократски потег, како и демонстрација на сериозна политичка позиционираност.