13 илегалци од Мали откриени во воз на Табановце

Царинските службеници од царинската испостава Железничка станица Табановце, утрово во 6:40 часот открија 13 илегалци во меѓународен товарен воз од Грција, пријавен за излез од Република Македонија.

Поради сомневање дека во возот со 27 товарни вагони, чија крајна дестинација била Австрија, има илегалци, царинскиот службеник извршил контрола на вагоните, при што во еден од контејнерите натоварен со маслинки открил 13 илегалци, сите државјани на Мали, кои биле сокриени меѓу бурињата со маслинки.

Лицата се предадени на МВР и истите се сместени во прифатен центар за странци.

ilegalci2