Македонија У21 во група со Израел, Португалија, Норвешка и Азербејџан

Македонската репрезентација до 21 година ќе игра во групата “8“ во квалификациите за Европското првенство 2015 година. Израел, Португалија, Норвешка и Азербејџан се противници на нашата селекција во квалификацискиот циклус за пласман на шампионатот во Чешка.

На извлекувањето во Нион, репрезентацијата на Македонија беше сместена во четвртиот барабан заедно со БиХ, Полска, Грузија, Исланд, Молдавија, Р. Ирска, Бугарија, Kипар и Летонија. Од првата рејтинг група ја добивме селекцијата на Израел, Португалија беше сместена во вториот барабан, Норвешка во третиот и Азербејџан во последниот барабан.

Kвалификацискиот циклус почнува на 22 март годинава. Победниците од десетте групи и четирите најдобропласирани од сите групи ќе разигруваат во бараж-натпревари за седум места. Победниците од тие средби и домаќинот Чешка ќе се најдат на завршницата во јуни 2015 година. На ждрепката во Нион присуствуваа селекторот на нашата репрезентација Бобан Бабунски и директорот на репрезентациите Петар Милошевски.

извор: ФФМ