Продолжува граѓанскиот парламент

Здружената опозиција, вечерва (четврток) и утре (петок) во времето од 18 до 19 часот, пред споменикот на Светите Кирил и Методиј, продолжува со граѓанскиот парламент.

„На граѓанскиот парламент со свои ставови против уништувањето на демократијата во Република Македонија и погубното владеење на централната власт на чело со ВМРО-ДПМНЕ, настапуваат граѓани и познати интелектуалци од Охрид“. – известуваат од Здружената опозиција.