Општина: На прес-конференцијата СДСМ, само ги потврди нивните неаргументирани напади кои континуирано ги упатуваат кон општината

Во врска со прес конфернцијата на ОО на СДСМ, на која зборуваше координаторот проф.Јован Стојаноски, реакција испрати Општина Охрид. Во реакцијата стои:

„Денешната прес конференција на СДСМ Охрид само ги потврди нивните неаргументирани напади кои континуирано ги упатуваат кон општина Охрид. Пред граѓаните се отвора само едно прашање на кое од СДСМ по се изгледа не се во состојба ни самите себеси да си го одговорат, а тоа е дали се тие ‘’за“  или ‘’против’’ точките кои беа на дневен ред на вчерашната седница на Советот, за кои гласаа советниците од мнозинството и опозицијата, а за кои координаторот на СДСМ кажа дека тие ги поддржувале, но ќе гласале воздржано.

Токму тука е непринципиелноста за која зборувате, со што покажувате лицемерен однос кон интересите на граѓаните.

Предложените решенија во урбанизмот се целосно издржани, детално анализирани, законски усогласени и архитектонски ускладени, па од тука и поддршката која за нив ја дадоа и опозициските партии кои се во вашата коалиција, а свесни дека се’ е според закон и максимално ускладено со сите правила и прописи, пишани и непишани јавно кажаа дека се за и советниците од СДСМ.

Имајќи го во предвид единството кое се постигна во Своетот на општина Охрид токму околу овие точки поврзани со урбанизмот, денешната  прес конференција на СДСМ може да ја оцениме само како целосно беспредметна и не потребна.

Што се однесува на критиките за надзорните и управните одбори, исто како и за точките од урбанизмот и по овие прашања  ставот на СДСМ не е јасен. За разлика од вас, ние Јавните претпријатија не ги користиме како партиски инструмент. За нас е од витално значење нивното функционирање, впрочем тоа сме го покажале во многу наврати наназад со нивното раздолжување и нивно ангажирање за потребите на Локалната самоуправа, а за кои потреби во минатото се ангажирале приватни фирми. Поединци од таму  кои веројатно не може да сфатат дека времињата кога управните и надзорните одбори се користеа за во нив да се сместуваат шест или седум семејства  кои контролираа се во Охрид. Ваквото практикување на локалната власт и локалните јавни претпријатија и институциите, охриѓани убедливо го испратија во историјата. Градоначалникот Бакрачески, е секогаш отворен за соработка со било кој, без разлика на неговата партиска, верска и етничка припадност. Оттука доаѓа одлуката да на овие луѓе им се даде можност да дадат свој придонес во управувањето на Јавните претпријатија.“ стои во реакцијата од Општина Охрид.