Петрески и Алче ја увидоа состојбата на тротоарите и дрворедите

Општина Охрид заедно со ЈП „Охридски Комуналец“ деновиве интензивно ги средуваат дрворедите и дел од тротоарите во градот. Ваквите активности се неопходни за подобрување на хортикултурното уредување на јавните површини и за подобрување на условите за движење на пешаците. Акцијата продолжува и натаму, а ќе се одвива кога временските услови ќе го дозволуваат тоа.

На терен излегоа градоначалникот Александар Петрески и директорот на ЈП „Охридски Комуналец“ – Сашо Алче, со цел да ги увидат активностите и тековната состојба на тротоарите и дрворедите.

Во месец јануари-2013 год. реконструиран е дрворедот на улиците „Јане Сандански“ и „Булевар Туристичка“, а од вчера со санациони активности беше опфатен дрворедот на ул.„Марко Цепенков“. Засадени се 60 нови садници од видот јасен, а планирано е да се засадат вкупно околу 200 садници на целата територија на општина Охрид. Во наредните денови ќе бидат реконструирани дрворедите по ул.„АСНОМ“ и во насeлба Даљан.

trotoari2