Потпишан Меморандум за соработка меѓу МОН и ДЗЛП

Министерот за образование и наука Панче Кралев и директорот на Дирекцијата за заштита на лични податоци Димитар Ѓеорѓиевски, вчера потпишаа Меморандум за соработка кој ќе придонесе кон јакнење на свеста на наставниот кадар и на учениците за правото на приватност и заштита на личните податоци.

Со Mеморандумот се остварува соработка помеѓу двете институции во областа на образовниот систем во сите сфери на основното, средното и високото образование, со цел поефикасна примена на Законот за заштита на личните податоци, како и имплементирање на Стратегијата за развој на образованието и Стратегијата за развој на заштитата на личните податоци во Република Македонија.  

Потписниците на Меморандумот се согласија дека заедничкото спроведување на едукативен систем произлезен од двете институции претставува мултиинституционален пристап, низ сплотување на ингеренции, постапки и активности заеднички координирани од ДЗЛП и МОН и дека националното законодавство во надлежност на двете институции дава обврска за јакнење на јавната свест и обезбедување на едукација која ке ги опфати европските стандарди и принципи на заштитата на човековите права, меѓу нив и на заштитата на личните податоци како основно право.