Црвен картон за Горан Попов за плукање кон противнички играч

Горан Попов доби црвен картон откако плукаше кон противничкиот играч Кајл Вокер. Сето тоа се случи во судиското надополнување од првото полувреме кога резултатот помеѓу Вест Бромвич Албион и Тотенхем беше 0:0.

Стив Кларк, менаџерот на Вест Бром, по натпреварот признал дека бил гневен на Горан Попов за тоа што добил црвен картон.

„Нема оправдување за тој инцидент, за такво нешто нема оправдување ни на фудбалскиот терен ниту на било кое друго место. Горан направи огромна грешка, ги разочара неговите соиграчи, ги разочара навивачите, го разочара клубот“. -изјави Стив Кларк веднаш по натпреварот.

Кларк очекува Горан Попов да се извини, а против него ќе биде покрената дисциплинска процедура која ќе остане во рамките на клубот.

Во второто полувреме, тимот на Вест Бромвич беше со играч помалку и прими гол со што изгуби од Тотенхем со 0:1.

Web Ohrid