Нашите интернационалци активни

Во италијанската Серија А, Горан Пандев го одигра целиот натпревар за Наполи во кој неговиот тим на домашен терен славеше со 2:0 против Катанија.

Во германската Бундеслига, Николче Новески исто така го одигра целиот натпревар, во кој неговиот тим Мајнц загуби со 0:3 од водечкиот Баерн Минхен.

Томе Пачовски бранеше на целиот натпревар за Мехелен во белгиската Про лига. Неговиот тим изгуби од Кортријк во гости со резултат 2:1.

На Кипар повторно беа активни нашите репрезентативци. Никола Глигоров го отвори резултатот во 41 минута на натпреварот во гости кој го доби неговиот тим АЛКИ против Пафос со 1:4. Во натпреварот кој Докса го одигра без голови 0:0 против Аполон Лимасол, нашиот дефанзивец Бојан Марковски влезе во игра во 49 минута за екипата на Аполон, а подоцна заработи и жолт картон. Тимот на Тони Савевски, Омонија Никозија, забележа победа од 0:1 во гости против Еносис. АПОЕЛ го победи тимот на Мирсад Јонуз – Неа Саламис со 2:0, Арменд Алими го одигра целиот натпревар за Неа Саламис.

WebOhrid