Денес попладне избувна пожар во Манастирот Трескавец кај Прилеп. Станува збор за голема огнена стихија и со неа е зафатен голем дел од манастирот. Заради непристапност на теренот од страна на Центарот за управување со кризи испратено е барање до Оперативниот Центар на ГШ на АРМ да се дејствува воздушно и во моментов веќе интервенираат три хеликоптери на АРМ. Освен воздушната интервенција, на лице место се и останатите надлежни служби.
Центарот за управување со кризи апелираше до сите граѓани таму кои поседуваат теренски возила веднаш да се упатат кон манастирот Трескавец и да помогнат колку што можат во гаснењето на пожарот.