Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од Народна партија

Во врска со соопштението од страна на ВМРО-Народна партија, со реакција излезе Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

„Има само една работа полоша од тоа да се биде предавник. Тоа е да се биде предавник и слуга. Токму во таква улога  и незавидна позиција се наоѓа раководството на Народна кои заради бизнис интереси слугуваат на СДСМ и Бранко Црвенкоски. Коалицијата Бранко и Љубчо, коалицијата Народна-СДСМ на локално ниво заедно со најочајниот градоначалник во заминување Александар Петрески, е доказ кој се продавал и себе и партијата и градот и државата во овие 20 години. Чесните членови на СДСМ и Народна го увидоа тоа и секојдневно даваат се поголема поддршка на кандидатот за Градоначалник на Охрид на ВМРО ДПМНЕ. 

Ако сте храбри како на хартија и ако не ви единствена вредност цинизмот, ве охрабруваме да излезете на избори па да видиме во кого веруваат граѓаните. Излезете на избори кои ќе бидат набљудувани и од странски набљудувачи. На тие фер избори граѓаните ќе кажат кој ќе биде Градоначалник, а кој мнозинство во Советот на Општина Охрид.

Ние сме убедени и сигурни дека д-р Никола Бакрачески ќе биде Градоначалник на Охрид и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има најголем број на советници во Советот“. – стои во реакцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.