ВМРО-НП го охрабрува потегот Атанаско Михаилов да биде носител на листата на ДПМНЕ

ВМРО-Народна партија излезе со соопштение во врска со изборот за носител на советничката листа на ДПМНЕ, во кое го охрабруваат Никола Груевски да го потврди изборот на носителот на листата за советници во Охрид.

„Го охрабруваме потегот Атанаско Михаилов да биде носител на советничката листа.

Граѓаните на Охрид со нетрпение ги очекуваат кандидатските листи за членови на Советот на Општина Охрид за претстојните локални избори.

Во медиумите и во јавноста излегоа неколку наводни предлози за кандидати на советничката листа на ДПМНЕ во Охрид. Како евентуален носител на тој предлог за советничка листа се споменува претседателот на ДПМНЕ во Охрид, Атанаско Михаилов. Со оглед на одличните резултати кои ги постигна тој како претседател на охридскиот огранок во последните неколку изборни циклуси во Охрид, го охрабруваме Никола Груевски да го потврди изборот за носител на листа за советници да биде Атанаско Михаилов.

Само со таква листа, каде Михаилов би бил носител, ДПМНЕ може да се надева на евентуален добар резултат и да се извади за целосното кочење на Охрид сите овие изминати години.

Во недостиг на кадар за претстојните локални избори, ДПМНЕ за носители на јавни функции предлага припадници на други политички партии. Тоа само покажува колкава е силата на таа партија во Охрид, а и во цела Македонија“. – стои во соопштението од ВМРО-Народна партија Охрид.