Николче Новески, капитенот на Мајнц 05 и еден од нашите најдобри репрезентативци доби „Б“ лиценца од Фудбалската федерација на Македонија. Дипломата му ја врачи претседателот на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски. Со „Б“ лиценца, Новески може да води екипи во младинска конкуренција. За тренер во повисока категорија му се потребни „А“ и „ПРО“ лиценци.