Претставници на бугарското здружение на семејства со потекло од Македонија во посета на Охрид

Градоначалникот Александар Петрески и претседателот на Советот на општина Охрид Душко Јаковчески, денеска имаа официјална средба со претставници на бугарското здружение на семејствата со потекло од Македонија.

На средбата, на која учествуваа Олга Прличева, правнука на Григор Прличев, Марио Примджанов, Петар Мутафчиев и Елизабета Шапкарева, правнуци на Кузман Шапкарев, Наум Канчев, поранешен конзул во Битола, Мила Мишаикова-Ризова и Кирил Пендев, беше речено дека здружението го формирале пред една година, за да ги продлабочат врските со нивните роднини во Македонија.

Претставниците на бугарското здружение допатуваа во Охрид за да ги следат настаните во рамките на годинешните Прличеви беседи.