СДСМ: Стевоски со помош на ДПМНЕ ги собира потписите за кандидат за независен советник

Општинската организација на СДСМ Охрид го обвинува Зоран Стевоски дека со помош на ВМРО-ДПМНЕ ги собира потписите за кандидат за независен советник.

„Кандидатот за независен советник Зоран Стевоски, злоупотребувајќи ја позицијата на советодавното тело на СДСМ, покажа дека нема капацитет, сам да си ја заврши работата околку бомбастично најавената кандидатура. 

За три дена едвај собра триесетина приврзаници, поднесе кандидатура, а во собирањето на потписи на негово барање  се вклучи ВМРО- ДПМНЕ. Очигледно е дека и кампањата ќе му ја финансира ВМРО-ДПМНЕ  и потоа ќе му се реваншираат за валкано извршената ситнополитичка  игра“. – се вели во соопштението од ОО на СДСМ – Охрид.