Потпишан Меморандум за соработка меѓу Управата за јавни приходи и Академијата за судии и јавни обвинители

Вчера, на 6 февруари 2013 година, директорот на Управата за јавни приходи, Горан Трајковски и директорот на Академијата на судии и јавни обвинители, судија Анета Арнаудовска потпишаа Меморандум за соработка со кој се потврдува заложбата и интересот за заеднички придонес за зајакнување на капацитетите на судството, како еден од главните приоритети за членство на Македонија во Европската Унија.

Меѓусебната соработка на двете академии е во насока на обезбедување на соодветна примена на даночните закони и размена на искуство во делот на даночната пракса, која ќе се остварува преку: спроведувањето нa обуки за судии, јавните обвинители и други целни групи за континуирано стручно усовршување; обуки за службените лица од одделенијата за финансиско работење во судовите и јавните обвинителства; донации на стручна литература од областа на даночното право; развивање на модули за е-Учење за даночно право наменети за обука на судиите и јавните обвинители; и соработка и размена на практични искуства од областа на даноците и другите јавни давачки со Даночната академија на Управата за јавни приходи на Република Македонија.

На потпишувањето на Меморандумот, присуствуваа и претставници од Управата за јавни приходи на Република Македонија и судии на Управниот суд кои работат на предмети од областа на даноците (даночно право).

ujpsud2