Белгиската пошта од следниот месец ќе пушти во оптек специјална марка која ќе ги израдува сите љубители на чоколада.
„Во лепакот додадовме вкус на чоколада кој може да се почувствува која ќе ја лижнете марката пред да ја залепите на ковертот“. – истакнуваат од белгиската пошта.
Мирисот на чоколада е и на самите поштенски марки кои ќе бидат со слики од различни чоколадни производи со разни форми.
„Не беше воопшто лесно да се добие вистинскиот мирис и вкус на црна чоколада. На тоа работеа експерти од Белгија, Германија, Холандија и Швајцарија. Ова не е прва миризлива марка, но е прва која освен што мириса го има и специфичниот вкус“. – објаснуваат претставниците од белгиската пошта.
Серијата од 5 поштенски марки, наменети за меѓународно испраќање, ќе чинат 6,20 евра штом бидат пуштени во оптек на 25 март.