Директорот на ЈП „Проаква“, Паскалоски во работна посета на Јапонија

На покана од јапонската страна која е вклучена во проекти за рехабилитација на колекторскиот систем во охридско – струшкиот регион кој го опфаќа колекторскиот систем кој го штити од загадување Охридското езери, директорот на ЈП „Проаква“, Томе Паскалоски престојуваше во Токио каде на студиско патување се сеткнаа со претстава и презнаење за функционирањето на канализациониот и пречистителниот систем во јапонската престолнина.

„Најважен сегмент на престојот се сознанијата околу тоа како во Јапонија се рехабилитира на дотраените цевки од канализациониот систем кој е еден од најстарите и најголемите во светот. Стекнатото знаење треба да се пренесе и тука , а јапонската страна како идни соработници и заемодавачи да ги пренесат и искажат искрените намери како сериозни парнтери во решавањето на проблемот со колекторскиот систем во Охрид и Струга, негова санација и рехабилитација“.  – изјави Паскалоски.

Паскалоски уредно до медиумите достави и извештај со целокупните информации и стекнатите сознанија за комплексниот канализациски систем на Токио, за кој е припремен долгорпчен план по кој треба да се рехабилитира и обнови во наредните 80 години.

„Тие имаат информациски систем, според кој точно знаат кој дел од нивниот канализационен систем ќе се интервнерира во наредните 80 години. Тоа е толку прецизно и систематски направено , целиот канализационен систем е снимен со камери, по систем на снимање од 360 степени и имаат најпрецизна информација , секоја цевка каде е оштетена, каква е штетата на цевката и сето тоа е внесено во комјутерска база на податоци, во тотален информативен систем и и маат најпрецизни информации за целокупниот канализационен систе, буквално за секој сантиметар од 16 000 километри цевки од кои е составен одводот во Токио“. – вели Паскалоски.

Тој зборува и за најновите техники за инсталација на цевки во постојниот канализациски систем без да се копа асфалтот и да се прават скапи градежни зафати.

„Нај користена метода е т.н. „Ес пе ер“ ( SPR ), тие произведуваат ленти од ПВЦ, и тие ленти како лего коцки, влегуваат една во друга и потоа како сврдел во старата цевка. Ова е најевтин начин за рехабилитација и се применува во Јапонија од пред пет години, а сега се применува и во целиот развиен свет. Тие ни го презентираа бидејќи тоа го нудат како една од опциите за рехабилитација на нашиот ситем“. – вели Паскалоски.

Додава дека ваквите искуства и знаења за технолошките можности кои ги презентира јапонсакта страна се драгоцени и отвораат одлични перспективи за идна рехабилитација на одводот во Охрид и Струга.

Вреден да се на помене е фактот дека престојот во Јаопнија целосно го плати тамошната страна, без да се оствари ни еден денар трошок за Општина Охрид и јавните претпријатија и без да се доделуваат дневници за лицата кои престојуваа во Токио.