По 20 години пронајдена слика вредна 700 илјади евра

Хрватската полиција соопшти дека по 20 години ја пронашла уметничката слика вредна околу 700 илјади евра, која е украдена 1993 година. Станува збор за сликата „Богородица со дете“ која е масло на платно од непознат автор од 16 век. Димензиите се 133х94 см.

Сплитско-далматинската полиција соопштува дека осомничен за кражбата е 42 годишен жител на Сплит, кај кого е пронајдена оваа слика.

slika2