Лацио и Наполи одиграа нерешено 1:1 во италијанската Серија А. Нашиот репрезентативец Горан Пандев го одигра целиот натпревар за Наполи.
Клуб Бриж успеа со 3:1 да го победи тимот на Леувен во белгиската Про лига. Иван Тричковски влезе во игра за Клуб Бриж, во 75 минута, а веќе во 83 се запиша во листата на стрелците и го постави конечниот резултат.
Во Израел, тимот на Дарко Тасевски, Ирони Кирјат Шмона со 3:1 го победи тимот на Хапоел Рамат Ган. Тасевски успеа да го постигне вториот гол за домаќините во 31 минута.
Во Иран, Нафт Техеран и Персеполис одиграа нерешено 1:1. Домашните дојдоа во водство уште во првата минута, а Влатко Грозданоски го изедначи резултатот на 1:1 со гол во 18 минута.