Здружената опозиција, синоќа одржа протестен марш со автомобили низ охридските улици и Граѓански парламент кој се одржа на спортското игралиште кај поранешен Стобекс во населбата Видобишта. Со свои излагања против уништувањето на демокатијата и апсолитистичкото владеење на актуелната власт на чело со ВМРО-ДПМНЕ, се обратија претседателот на ОО ЛДП Дејан Блажески, пратеникот Митре Велјаноски, Градоначалникот Александар Петрески и потпретседателката на СДСМ Ана Павловска Данева.
„Оваа борба нема да биде борба против никого, оваа борба ќе биде борба за нас, оваа борба ќе биде за нашите пријатели и за нашите непријатели, за нашите истомисленици за нашите неистомисленици, оваа борба треба да биде за нашите предци и за нашите потомци. Неважно е дали ќе сме определени или неопределени, затоа што статистиката секако не брои. Масовно да излеземе доколку се случат избори, а и да не се случат, нема да се случат само заради нив, не заради нас“, – рече претседателот на ОО ЛДП-Охрид Дејан Блажески.
Пратеникот Митре Вељаноски пред присутните, истакна дека „актуелната власт како што го испогани светото име на ВМРО, така сега сака да го испогани и извалка Охрид и езерото, со разни индијанци и поглавици“.
„Бидејќи, Македонија е подеднакво загрозена денес како во 1941 година, aко тогаш беше свето да се бориме за ослободување од фашизмот, сега е свето да се бориме, за враќање на уставниот поредок и враќање на демократијата на Република Македонија“. – рече пратникот Велјаноски.
На присутните им се обрати и градоначалникот Александар Петрески.
„Ме обвинуваат дека сум вработувал многу луѓе. Уште толку ќе вработам после изборите. Каде да се вработите, во министерство за финансии, во катастар, каде!? Каде ќе се вработите вие од Охрид, ако не во локалната самоуправа“. – рече Петрески.
Пред охриѓани се обрати и потпретседателката Ана Павловска Данева, која и порача на власта да не помислува сама да оди на локални избори.
WebOhrid