ВМРО-ДПМНЕ: Еден електронски портал од Охрид го премина прагот на толеранцијата

Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, најостро реагира на тоталните лаги, неосновани информации, манипулации, злоупотреби и инсинуации на еден електронски портал од Охрид, кој со своето ширење на невистини и провокации го преминал прагот на толеранцијата. 

„Месеци наназад го толерираме дезинформирањето на овој портал но најновиот текст ги премина сите граници на пристојност и коректност. 

Најодговорно тврдиме дека во ВМРО-ДПМНЕ  не се вршеле никакви разговори за директорски места па со тоа ниту за кадри на истите.

Објавување на имиња за лажни информации носи и легитимно право на тужба за клевета од страна на споменатите бидејќи се работи за класична лага. 

Сите информации од денес натака кои се објавуваат на овој портал, а се однесуваат на ВМРО-ДПМНЕ или било кој нејзин член ќе бидат третирани од наша страна како невистина и манипулација“. – реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид. 

Оттаму велат дека, доколку состојбите не се променат, како партија тие ќе преземат и други соодветни законски чекори за заштита на интегритетот на ВМРО-ДПМНЕ како и нејзините членови.