Пожар на Бит Пазар

Синоќа, во Скопје, од 00:05 – 07.20 часот на ул. „Никола Мартиновски“ бб. на Бит Пазар изгореле околу 6 дуќани. На лице место интервенирале 35 пожарникари со 14 ПП возила. Пожарот е комплетно изгаснат и не е дозволено негово проширување. Предизвиканата материјална штета не е утврдена. Нема повредени во пожарот.