Д-р Бакрачески: Време е да се отвори нов прозорец за охриѓани

„Дојде време за конечно да се пресретне нашата морална одговорност, да се обезбеди пристоен живот за сите кои живеат во Охрид. Време е да се отвори нов прозорец на можности за охриѓани, време е храбро да се преземе одговорноста за неотпочнатите и незавршените работи за усовршување на нашата заедница и за градење на подобар Охрид“. – изјави на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ д-р Никола Бакрачески.

„Нудиме посветеност, вистина, достоинство и развој. Нудиме нови дела за нов напредок, нудиме нови дела за подобар Охрид. Охриѓани заслужуваат поинаков Охрид, Охрид заслужува подобра иднина, светот и иднината го заслужуваат Охрид во сиот негов сјај“. – рече Бакрачески.

Исто така кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Бакрачески ја најави, а воедно и ги покани сите граѓани на презентацијата на неговата програма која што ќе се одржи утре во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 18:30 часот.

WebOhrid