Виена очекува промет од 21 милион евра за Денот на вљубените

Според податоците на Стопанската комора од Виена, за Денот на вљубените оваа година жителите на Виена ќе потрошат околу 21 милион евра, а цвеќарниците ги очекува еден од најпрофитабилните денови во годината. Анкетирањето кое го извршила Стопанската комора покажало дека скоро половина од жителите на Виена веќе спремиле подароци за саканите.

Освен цвеќе, омилени подароци се чоколадите и колачите, излегувањето на романтична вечера или пак патувања, парфеми и разни ваучери.

Дури 45% од жителите на Виена планираат да подарат нешто на саканата личност, при што мажите повеќе подаруваат отколку жените.

Иако цените се зголемени за едно евро во споредба со минатата година, добри 15% од анкетираните планираат да потрошат повеќе од 70 евра.