Метеорски дожд во Русија, стотици повредени

Метеор предизвика силна експлозија во атмосферата над Урал во Русија, а како резултат на тоа распрскале прозорците на куќите и становите при што повредени се стотици луѓе.

„Метеорот експлодира над Челабинската област на Урал. Ударниот бран искрши многу прозорци“. – истакна рускиот портпарол на министерството за вонредни ситуации.

Според најновите податоци на Министерството за управување со кризи, оштетени се голем број на згради во дури шест градови во регионот Челабинск, а лекарска помош побарале над 400 лица. Полицијата соопштува дека бројката може да се зголеми.

Олег Малков, научник од Универзитетот во Москва, изјави дека метеоритите се навреме откриени бидејќи доаѓаат од кај Сонцето.

„Ние можеме да ги регистрираме само метеорите кои доаѓаат од правец на ноќно небо“, рече Малков.

Измерено е нивото на радијација, кое сеуште е нормално.

Очевидците велат дека виделе силно светло на небото и дека слушнале силна експлозија која предизвикала паника помеѓу луѓето.

„Беше како сцена од филмот „Армагедон“. Навистина помислив дека ни дојде крајот“. – рече еден очевидец.

Според овластени лица од министерството за вонредни состојби, метеорот делумно согорел над Урал, а фрагменти паднале и на земјата но во ретко населени области во Челабинск.

Овој регион е одалечен околу 1500 километри источно од Москва.