На кино репертоарот на Центарот за култура од вчера со проекции започна анимираниот цртан филм „Гумениот Тарзан” – GUMMI T синхронизиран на македонски јазик кој што е наменет за најмладите. „Гумениот Тарзан“ ќе може да го проследите овие денови, до 22.02.2013 (петок) со почеток во 18:00 часот, а влезот изнесува 100 денари. Картите се во продажба на билетарата секој работен ден по 15:00 часот.
Исто така во Националната Установа Центар за култура „Григор Прличев“, Народниот Театар Охрид, овој викенд ќе ги одржи театарските претстави „Емигранти“ Славомир Мрожек во режија на Ирена Стеријовска, во петок на 22.02.2013 година, со почеток во 20:00 часот. Додека пак „Ај да си речиме уште една“ во режија на Андреј Цветановски, ќе се одржи во сабота, на 23.02.2013 година, исто со почеток во 20:00 часот. Влезот на овие претстави ќе чини 100 денари.