Инјекција која отрезнува за неколку секунди

Научниците од Универзитетот во Лос Анџелес и Јужна Калифорнија направија инјекција која отрезнува за неколку секунди. Оваа инјекција потполно го анулира дејството на алкохолот.

Инјекцијата засега е тестирана само на лабораториски глувци, кои пред тоа биле опиени. Резултатите покажале дека дејството било брзо и за неколку секунди глувците биле потполно трезни.

Истражувањето е во почетна фаза, па така се уште не е спремно за тестирање на луѓе, но се најавува овој лек, освен како инјекција да добие облик на таблета за трезнење.