АВ Охрид – есенски првак во Втората кошаркарска лига

Екипата на АВ Охрид ја забележа и деветтата победа оваа сезона во Втората македонска кошаркарска лига. Синоќа, екипата на АВ Охрид гостуваше во Радовиш каде победи со 95-86.

Со завршувањето на есенскиот дел, по девет одиграни рунди, АВ Охрид е неприкосновен на првото место од табелата со 18 бодови. Второто место со по 15 бодови го делат екипите на Гостивар, Вардар, Водњански лисици и Пелистер.

Натпреварите во Втората лига ќе продолжат на 6-ти февруари 2016 година, кога АВ Охрид ќе гостува против тимот на Ангели.

WebOhrid