Во ООН во Женева презентирани мерки за заштита на Охридското Езеро

Дејан Пановски од Билатералниот Секретаријат за сливот на Охридското Езеро денес во Женева пред преставниците на Организацијата на Обединетите Нации изврши презентација за Дримскиот Проект во контекст на влијанието на климатските промени врз водните басени на езерата во Дримскиот басен. На презентацијата Пановски се осврна на значењето на Басенот од енергетски, еколошки и туристички аспект и ги потенцираше опасностите од суши и поплави како ризици од климатските промени.

„Посебно се осврнав на драстичните промени на нивото на водите на Охридското Езеро кои се под влијание или на сушни или на влажни климатски периоди и чија флуктуација има и еколошки и економски импликации. Затоа бараме преку проектот да се помогне на локалните самоуправи да се обучат за мерки за превенција преку адаптирање на урбаното планирање и регулација на притоките и да се воспостави прекуграничен мониторинг систем за рано предупредување од ризици“. – изјави Пановски.

Инаку, Басенот на реката Дрим е еден од неколкуте басени во светот кој е влезен во мрежата на пилот проекти на речни басени токму на лобирање на Билатералниот Секретаријат за сливот на Охридското Езеро. Во таа насока обезбеден е и Проект преку Германската влада за адаптација кон климатските промени во басенот на реката Дрим и Western Balkans на прекугранично ниво.

zeneva