Нови дрвореди на „Кленоец“ и „Карпош Војвода“

Ј.П. „Охридски Комуналец“ продолжи со акциите за озеленување на околината и подигнување на нови дрвореди на територијата на општина Охрид, со посебен акцент на периферните делови од градот.

Деновиве се засадени 30 садници од видот јасен на улиците „Кленоец“ и „Карпош Војвода“. Јасенот е отпорен на температурни разлики и формира убава крошна со што дрворедите ќе имаат не само заштитна туку  и естетска функција.