Неверојатна панорама на Лондон од 320 гигапиксели

Погледнете ја неверојатната панорама на Лондон од дури 320 гигапиксели. Можете да ги видите регистарските таблички на оддалеченост од дури пет километри.

Оваа панорама е составена од 48.640 поединечни фотографии, кои се сликале во рок од три дена. Но, биле потребни дури четири месеци за да се обработат и да се измонтираат во оваа панорама.

Кога би се испечатила оваа фотографија, би била 98 метри долга и 23 метри висока. Инаку, се разликува во големината со дури 60.000 пати од оние фотографии кои можат да ги сликаат мобилните телефони.

Оваа „разгледница“ на Лондон, го собори рекордот кој до сега го држеше панорамата на Њу Јорк, која беше неколку пати помала. 

Можете да погледнете овде.