Заев од Струга: Заедно, сплотени да покажеме што е вистински патриотизам и да донесеме живот во Струга и Македонија

Продолжуваме заедно, сплотени да испишуваме модерна историја во нашата мултиетничка Македонија. Верувам во градење пријателство и во едно општество за сите, повика вечерва на митингот во Струга претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

„Светот оди напред, ајде да се отвориме. Тоа е патриотизам – да донесеме нови работни места за младите“.

Модерниот свет под патриотизам подразбира нови работни места, развој на спортот, театарски претстави… Ајде да покажеме што е вистински патриотизам, обединети, заедно, живот во Струга, живот во Република Македонија, повика претседателот Заев.

Тој најави решавање на клучните прашања за граѓаните во овој регион.

„Да ја решиме трајно депонијата. Нема туризам без екологија. Нема поважно од здравјето на граѓаните“, рече претседателот Заев.

Цела Европа и модерниот свет сака да ни помогне. Македонија ќе биде 30.земја членка на НАТО и ќе се тргне условеноста на препораката и ќе добие датум за почеток на преговори со ЕУ. Иднината ни е само заедно и сплотени, заокружете го бројот 19 на изборите во недела“, порача претседателот Зоран Заев вечерва во Струга.