Д-р Бакрачески ја отвори изборната канцеларија во комплексот „Летница“

Денес во комплексот „Летница“, официјално беше отворена изборната канцеларија на кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Никола Бакрачески. На отворањето присуствуваа симпатизери и поддржувачи на партијата, како и поранешни и актуелни носители на јавни и политички функции.

Д-р Бакрачески истакна дека во тие простории граѓаните ќе можат да договорат средба со него, како и да бидат запознаени со програмата со која тој настапува на локалните избори.

WebOhrid